Јасно кажа Владата. Имаше доволно можност да се размавне и да се покаже како бескомпромисен борец за правдата и против оние случаи каде што има основано сомнение за криминал. Очигледно дека барањето изговори и купувањето време се нечија карактерка особина, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски откако вчера Владата ја започне постапката за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.
За жал, истакна премиерот, таа доверба не ја оправда и сега Владата отпочнува процес.
-Тој процес е започнат во Собранието и ќе заврши во Собранието. Чесно и доблесно би било сам да се повлече, за да го скратиме периодот и да избереме обвинител кој ќе биде бескомпромисен борец против криминалот и корупцијата во Македонија, рече Мицкоски при посетата на општина Кавадарци.
Советот на јавни обвинители ја чека иницијативата на Владата за разрешување на Коцевски. Засега, воздржаност. Во врска со одлуката за назначување раководител во Вишото скопско обвинителство, велат дека процедурата е запазена.
Според Законот за јавно обвинителство за јавен обвинител на Република Северна Македонија може да биде именувано лице кое има непрекинат работен стаж од најмалку десет години како јавен обвинител или како судија од областа на кривичното право. Јавниот обвинител се именува од Собранието, по предлог на Владата со мандат од шест години и право на повторно именување. За својата работа и работата на Јавното обвинителство одговара пред Собранието.