За една недела 2880 новозаболени од грип

од Nikola Popovski
16 прегледи

Од 3-ти до 9-ти февруари, според Институтот за јавно здравје, пријавени се 2880 случаи на грип или заболувања слични на груп што е намалување за 5,1% во споредба со претходната недела. Како што информираа денеска оттаму, 1552 лица се на возраст меѓу 15-64 години, а 685 кај деца на возраст од 5 до 14 години…

Пријавените се најмногу од Скопје, па следуваат од Струмица, Битола, Свети Николе… Оваа сезона вкупно заболени биле 11614 лица кои се регистрирани.

Околу тоа дали ќе се дадат некакви препораки до Комисијата за заразни болести, директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска велат дека секојдневно се во комуникација и ги добиваат извештаите за билансот.

Слични содржини