Принцезата од Велс се сретна со мајки кои се породиле зад решетки овој вторник. 43-годишната Кејт Мидлтон ја посетила хуманитарната организација Action for Children која се грижи за трудници и новопечени мајки кои отслужуваат затворски казни, а нејзините обожаватели не го пропуштија деталот дека таа повеќе не го носи свршеничкиот прстен.
За нејзиниот нов ангажман, Кејт, исто како и во јануари кога официјално се врати на кралските обврски, се одлучи за скромен избор на накит, фокусирајќи се на разговорот, а не на тоа што го носи.
Така, наместо познатиот веренички прстен со сафир и дијамант, Кејт избрала блескав „eternity“ прстен кој првпат го носела минатото лето, веднаш над нејзиниот златен венчален прстен.
Прстенот што првично го носеше принцезата Дијана има посебно значење за Кејт и Вилијам, па се поставува прашањето зошто таа сега одеднаш не го носи. Шпекулациите веќе почнаа, а многумина се убедени дека причината лежи во здравјето и безбедноста.
Потенцијална опасност или практичност?
Имено, во 2020 година, палатата Кенсингтон за новинарите од магазинот Hello! објаснила како Кејт го отстранувала својот накит за време на посетите на детските одделенија, се за да ги елиминира потенцијалните опасности. Од друга страна, некои експерти, но и оние кои го следат кралското семејство, истакнуваат дека изборот на принцезата повремено да го заменува или отстранува свршеничкиот прстен е и прашање на практичност.
„Жените во кралските семејства носат веренички прстени на различни начини, исто како и сите нас. Некои, како кралицата Елизабета, ги носат своите веренички прстени цел живот, додека други, како белгиската кралица Матилда или кралицата Марија од Данска, редовно ги менуваат своите веренички прстени за други прстени“, откри Лорен Киен, основач на блогот The Court Jeweller.