Заев го демантира Груевски: Не градам кула од 82 ката во Дубаи, колку треба човек да е забеган во умот да кажува и тврди вакви глупости

од Milan1
2,6K прегледи

Откако поранешниот премиер, а сега бегалец во Будимпешта Никола Груевски на својот Фејсбук профил тврдеше дека експремиерот Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“, за Слободен печат Заев ваквите тврдења ги нарече глупост.

– Колку треба човек да е забеган во умот да кажува и тврди вакви глупости. Суетните само чекаат да се фатат на вакви будалаштини за да си ја залечат суетата. Заеви вработуваат преку 1.000 луѓе во Македонија. Така било пред да бидам во политиката, така било додека сум бил во политиката, така е и сега после повеќе од три години како трајно сум заминат од политика. Не градам никаква кула во Дубаи, тоа е целосна невистина, изјави Заев за Слободен печат.

Слични содржини