Светскиот рекет број еден Јаник Синер е суспендиран и ќе биде надвор од тенисот три месеци, објави Би-Би-Си.
„Тоа доаѓа откако тој постигна договор со Светската антидопинг агенција (ВАДА) во врска со неговите два позитивни допинг тестови минатата година, а суспензијата трае од 9 февруари до 4 мај“, објави Би-Би-Си.
Се додава дека Синер ја прифатил суспензијата, а 23-годишниот Италијанец, кој минатиот месец го освои Австралија Опен, е суспендиран на три месеци.
Тој ќе има право да игра на следниот Гренд слем турнир оваа година, Ролан Гарос, кој започнува на 19 мај.
Тоа значи дека италијанскиот тенисер ќе го пропушти турнирот во Доха.
Синер беше позитивен на два пати во март минатата година за забранетата супстанца клостебол, но беше ослободен од обвиненијата од страна на Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ИТИА).
ВАДА ја обжали таа одлука пред Судот за спортска арбитража (КАС).
Во Синер е пронајдено многу мало количество клостебол, а контаминацијата наводно била предизвикана од крем за масажа.