Дефанзивецот на Милан, Кајл Вокер му даде поддршка на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
„Ако не сте опседнати со фудбалот, нема да ги постигнете резултатите што ги постигна Пеп не само со Манчестер Сити, туку и со Барселона и Баерн Минхен. Исто така, калибарот на играчите што ги водеше: изгледа дека секогаш го извлекува најдоброто од нив. Затоа тој е еден од најдобрите менаџери во светскиот фудбал, ако не и најдобар“, изјави Кајл Вокер.
„Граѓаните“ освоија шест титули во последните седум сезони од англиската Премиер лига, а тимот стигна и до својот историски прв трофеј во Лигата на шампионите.
Сега Сити се бори за место во топ 4 и е пред елиминација во плејофот од Лигата на шампионите, што предизвика сериозно незадоволство кај Гвардиола.