Аморим за финансиските проблеми: Ова е нешто ново за клубот

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим зборуваше за финансиските проблеми на клубот. Раководството на „црвените ѓаволи“ планира да отпушти околу 100 вработени за да заштеди пари.

„Овие проблеми не се новини за клубот. Знаевме за фер-плеј правилата“, изјави Аморим за „Скај Спорт“.

Тренерот објасни дека проблемот не може да влијае на начинот на кој тимот тренира и се подготвува за натпреварите.

„Мојот фокус е на подготовка, а не на други работи. За да направите нешто, треба да продавате играчи. Толку е едноставно. Моја задача е да бидам подготвен за натпреварите. Сега прозорецот е затворен, не можеме ништо“, додаде Португалецот.

Манчестер Јунајтед се наоѓа на 13-то место во Премиер лигата со 29 бодови. На 16 февруари „црвените ѓаволи“ ќе играат против Тотенхем. Натпреварот започнува во 17:30 часот.

Слични содржини