Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека се обидува да ги прикрие „злосторствата против човештвото“ извршени од израелската армија врз Палестинците во Појасот Газа.
Тој ја критикуваше и идејата на Трамп за раселување на Палестинците од енклавата и нејзино претворање во „блискоисточна ривиера“, посочувајќи дека Шпанија сака „Палестинците да живеат во Палестина, а Израелците во Израел“, пренесува порталот 20minutos.
„Ниту една трансакција со недвижнини нема да го прикрие срамот, злосторствата против човештвото и срамот што се доживува во Газа во текот на овие години: не смееме да го дозволиме тоа, а ние во Шпанија нема да го дозволиме“, предупреди Санчез.