Лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари најави жалба до Апелација по одлуката на Тетовскиот основен суд печатите на партијата да ги добие Зијадин Села. Според Таравари, „важно е кој ги има членовите, а не кој како ќе се нарекува“.
-Ние продолжуваме, сега оди во Апелација, партијата продолжува комплетно да функционира и 80 отсто од членството, и повеќе од 80 отсто од членството се во Алијанса за Албанците. Меѓутоа, често велам ирелевантно е кој како ќе се нарече и што партиите и сите институции се на луѓето, на членовите на општеството, а не на индивидуи. Јас сум моментално, утре ќе биде некој друг, вчера беше Зијадин и така натаму… Важно е кој ги има членовите, а не кој како ќе се нарекува, вели Таравари во Неделното интервју за РСЕ.