65
Соединетите држави ги исклучија европските земји од преговорите за потенцијалниот мировен договор во Украина, што покажува дека Европа нема воено влијание, изјави денеска холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс.
„Ова е затоа што европските земји во моментов не можат јасно да кажат што сакаме и што можеме да ставиме на маса. Има домашна задача за сите европски нации“, рече тој.
Тој оцени дека Американците се „прагматични“ и дека ако не знаат што може да понуди Европа, нема да ја поканат на преговарачка маса, пренесe NL Times.