📽Мајк Тајсон има неизлечива болест?

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон наводно боледува од Паркинсонова болест, вест која одекна во САД.

Оваа информација ја потврди јутјуберот Џејк Пол, со кој неодамна се бореше Мајк Тајсон.

Нивниот судир привлече големо внимание, неколку пати беше одложуван, а сега можеби ќе стане јасно која е точната причина.

Пол за време на гостувањето во поткастот „Kick“ случајно изјавил дека Мајк Тајсон боледува од Паркинсонова болест. Сепак, тој подоцна одби да ја потврди вистинитоста на оваа информација.

Тајсон изјави дека за малку ќе умрел во јуни минатата година и дека морал да има осум трансфузии на крв за да се опорави и да се подготви за гореспоменатиот дуел.

Слични содржини