Вучиќ: Протестите нанесоа непроценлива штета на српската економија

од Nikola Popovski
59 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави синоќа дека протестите, кои траат во Србија повеќе од три месеци, предизвикале „непроценлива и несразмерно голема, директна штета на економијата на земјата“.

Вучиќ во емисијата „Хит твит“ на ТВ Пинк порачал дека не мисли дека е проблем кога луѓето размислуваат поинаку и имаат различни ставови и дека тоа е „благородно за демократијата“.

Тој изјави дека, од различните ставови, повеќе го загрижува тоа што Србија имала големи економски проблеми во изминатите три месеци поради протестите, но се надева дека ќе успее да се справи и да зачува работни места.

Според него, за 2,5 месеци ништо не е направено на инфраструктурни проекти, бидејќи поради општата хајка „никој не сака ништо да потпише, но, секој први ќе бара плата, па и малку повисока доколку може“.

Слични содржини