Како WADA се правда поради Синер: Шпанка доби шестгодишна суспензија, а еве зошто Италијанецот не

од Nikola Popovski
292 прегледи

Суспензијата на италијанскиот тенисер Јаник Синер предизвика огромна бура која се уште трае. Синер беше суспендиран на само три месеци поради употреба на клостебол, забранета супстанца, додека шпанската лизгачка Лаура Баркеро беше суспендирана на шест години поради злоупотреба на истата забранета супстанција.

Затоа, Асошиејтед прес побара и доби објаснување од Светската антидопинг агенција за разликата помеѓу овие два случаи.

„Фундаменталната разлика во овие два случаи е што објаснувањето на г-ѓа Баркеро за тоа како супстанцијата влегла во нејзиниот систем не беше убедливо во светлината на доказите и тие околности останаа непознати за WADA“. „Во случајот на Синер, доказите го поддржуваат она што тој го кажа во неговата изјава“, се вели во писмото на WADA до Асошиетед прес.

Шпанската лизгачка првпат беше позитивна за време на Игрите во 2022 година, како и една година подоцна на контролен тест.

WADA соопшти и дека лизгачката се согласила на казната што ѝ е изречена.

„Доколку госпоѓицата Баркеро не се согласеше со предложената казна, немаше да го потпише договорот за завршување на случајот. Имаше можност да поднесе жалба до Судот за спортска арбитража“, објаснуваат од WADA.

„Има многу проблеми во процесите и системот, двајцата се невини и толку. Додека не се докаже спротивното, тие се невини. Но, треба да се разговара за начинот на кој тие биле третирани и како биле третирани другите играчи. Тајмингот е многу интересен, суспензијата на Синер завршува непосредно пред турнирот во Рим, тој не пропушта ниту еден Грен слем. Тоа се спогодби кои креваат црвени знамиња и луѓето го доведуваат во прашање кредибилитетот на антидопинг агенциите“, рече Новак Ѓоковиќ за случајот со Јаник Синер.

Слични содржини