Се обидел да спречи тепачка, но добил удар со пиштол

од Nikola Popovski
120 прегледи

Млад скопјанец бил нападнат во обид да спречи тепачка – стои во полицискиот билтен. Според МВР, немилиот настан се случил пред два дена во раните утрински часови.

На 16.02.2025 во 15:20 часот во СВР Скопје, Д.Т.(21) од Скопје пријавил дека околу 07:00 часот во дом на негов другар во населбата Ченто настанала физичка пресметка помеѓу А.А. и неговиот другар и при обид да ги раздели бил физички нападнат од А.А., кој, исто така, го удрил и со пиштол.

Од полицијата истакнуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини