38
Охридската полиција привела охриѓанец кој голтнал кесичка со кокаин во обид да не биде фатен.
Според полицискиот билтен, СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.Н.(32) од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
-При преглед на возило „ауди“ во кое се превезувал, пријавениот проголтал пакување со кокаин, по што полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, го лишиле од слобода и го пренеле во Општата болница во Охрид, истакнаа од МВР.