Трејдот во кој Лука Дончиќ замина од Далас во Лос Анџелес Лејкерс се случи пред три недели, а се појавија нови детали околу договорот.
Според The Athletic, генералниот менаџер Нико Харисон му се обратил на тимот ден по трејдот и го објаснил потегот за размена на Дончиќ за Ентони Дејвис.
Тогаш им кажал и дека целта останува иста – освојување на титулата.
„Приватно и јавно, Харисон изјави дека го трејдувал Дончиќ затоа што верува дека има поголеми шанси за титулата со Дејвис. Харисон верува дека Дејвис подобро одговара на теренот и на она што Мавс сакаат да го градат“, се вели во извештајот.
Исто така, голем проблем била физичката подготвеност на Дончиќ и Далас дури се обиделе да ги скријат неговите проблеми со тежината. Се наведува и дека „телињата“ никогаш сериозно не размислувале да му понудат на Словенецот супермакс договор.
Дејвис се повреди во дебито за Мавс и се уште е надвор од теренот.