Дипломатски извори: Руско-Американскиот мировен план за Украина во три фази

од Milan1
55 прегледи

Според дипломатски извори, САД и Русија предлагаат трифазен мировен план кој вклучува прекин на огнот, нови избори во Украина и конечен договор. Тие сметаат дека изборите се клучни за успехот на преговорите, иако Украина ја отфрла можноста за инсталирање на проруски претседател, пренесува новинарот на „Фокс“, Жаки Хајнрих.

„Повеќе странски дипломатски извори изјавија за „Фокс“ дека САД и Русија сметаат дека одржувањето на нови избори во Украина е клучен услов за успехот на процесот за решавање на конфликтот. „Оваа информација најверојатно ќе предизвика контроверзии, имајќи предвид дека Русија не одржува вистински избори, додека Украинците ја отфрлаат можноста за инсталирање на проруски, марионетски претседател“, пишува тој. Идејата за избори сè уште се разгледува и „може да стане дел од идните преговори, но не денес“. Белата куќа се уште не ги коментира овие наводи.

Рубио: ЕУ ќе мора да учествува во преговорите

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека санкциите против Русија се поврзани со војната во Украина и дека се потребни отстапки од сите страни за да се постигне мир.

„Ние нема однапред да одредиме какви ќе бидат тие отстапки, ниту ќе преговараме за нив на прес-конференција“, рече Рубио.

Тој посочи дека и ЕУ има свои санкции и дека во одреден момент ќе мора да учествува во преговорите. „Целта е да се стави крај на конфликтот на праведен, траен и одржлив начин, прифатлив за сите инволвирани страни“, заклучи Рубио.

Слични содржини