Спасовски: Во моменти кога власта нема план за ништо, се отвора темата за државниот грб

од Nikola Popovski
33 прегледи

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски синоќа порача дека „во моменти кога власта нема план за ништо, се отвора темата за државниот грб која ќе ги заинтрегира многу од граѓаните“. Како што вели, СДСМ смета дека засега не треба да имаме отворање на Уставот и промена на симболите- ниту на грбот ниту на химната.

-Има многу важни прашања кои што се однесуваат на стандардот на граѓаните и економијата кои што треба да ги решаваме, а не да отвораме вакви прашања. Оваа држава е создадена на темелот на НОБ и антифашизмот и овој грб што го имаме сега, ги отсликува сите атрибути и на државата и на граѓаните. Сметаме дека не треба да се откажуваме од нешто што треба сите ние да го штитиме заеднички. Нашиот став е многу јасен. Ги слушам сите дебати и ги слушам сите партии кои излегуваат со свои ставови. Ги повикувам да се насочат кон граѓаните и животниот стандард. Вакви теми нема ништо добро да донесат, рече Спасовски во вестите на Алсат.

Пратеникот тврди дека времето во кое што е создадена Македонија како држава, тие симболи го отсликуваат тоа што е земјава денеска.

-Денес ако ги прашате граѓаните, неподвоено ќе биде мислењето дека подобро е да отвориме теми кои што се однесуваат на повисоки плати и повеќе работни места отколку да се враќаме на теми кои што нема да понудат нешто ново и перспективно за сите нас, додаде Спасовски.

Слични содржини