🎥Таткото на Илон Маск го критикуваше синот: „Ќе ме убие за ова што го кажувам“

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Ерол Маск, таткото на Илон Маск, јавно го критикуваше својот син и неговите родителски вештини за време на појавувањето на поткастот Wide Awake, само два дена пред писателката Ешли Ст. Клер да објави дека родила дете кое било на Илон.

„Тој не беше добар татко. Првото дете помина премногу време со дадилките и почина додека беше на нивна грижа“, рече Ерол, мислејќи на синот на Илон, Невада, кој го доби со поранешната сопруга Џастин Вилсон. Невада почина во 2002 година на возраст од 10 недели.

„Илон ќе ме убие поради тоа што ќе го кажам, но јас така мислам. Тоа не е добро. Тие беа премногу богати, премногу дадилки“, додаде тој, истакнувајќи дека децата на Илон и Џастин – близнаците Грифин и Вивијан и тројките Каи, Саксон и Демијан – имале свои дадилки.

„Кога се разделија, имаше шест дадилки од оваа и шест од онаа страна. Многу чудна ситуација“, нагласи Ерол.

На прашањето на водителот дали тоа значи дека Илон не поминува доволно време со своите деца, тој одговорил потврдно.

Клипот од интервјуто брзо стана вирален на социјалните мрежи, при што многумина ги осудија изјавите на Ерол, истакнувајќи го неговото контроверзно однесување, вклучувајќи го и фактот дека тој има дете со својата поранешна поќерка Јана Безуиденхаут.

„Лошите татковци можат да забележат лоши татковци“, гласи еден коментар.

Покрај неговите деца со Џастин Вилсон, Илон Маск има и три деца – синовите X AE A-XII и Technо и ќерката Exa Dark Sideræl – со неговата поранешна партнерка Грајмс, како и близнаците Страјдер и Азур и уште едно дете со Шивон Зилис.

Ешли Ст. Клер неодамна откри дека го родила неговото 13-то дете, но брзо ја избришала својата објава.

Слични содржини