10
Поранешнaтa број еден во светскиот тенис, Венус Вилијамс доби „вајлд-карта“ за овогодинешниот турнир во Индијан Велс, соопштија организаторите, цитирани од Ројтерс.
44-годишната Американка ќе игра по десетти пат на турнирот кој е на ниво на ВТА 1000.
Вилијамс, седумкратна Гренд слем шампионка, го бојкотираше Индијан Велс 15 години, откако навивачите на расна основа ја малтретираа нејзината помлада сестра Серена и нејзиното семејство.
Венус Вилијамс го продолжи своето учество на турнирот во 2016 година, а две години подоцна го одигра своето трето полуфинале.