Лефков: Разговорите за менување на грбот не се за да се отргне вниманието од актуелните теми

од Nikola Popovski
114 прегледи

Нема разговор за менување на химната, нема да има ниту било кога ќе дозволиме, изјави синоќа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков околу евентуална промена на еден од симболите на Македонија, по последната дискусија во јавноста околу менувањето на државниот грб.

Лефков во емисијата „24 анализа“ истакна дека „Денес над Македонија се раѓа е македонска химна“ и не се прифаќа ништо друго.

-Разговорите за менување на грбот се стари и потекнуваат наназад уште пред една декада, поврзани со разговори за хералдиката и нејзиното значење…Во ниту еден случај не се за да се отргне вниманието од актуелните теми. Постојано говориме за актуелните теми без разлика дали е правосудство, цените, инфлацијата, рече пратеникот.

 

Слични содржини