Неколку дена пред сојузните избори во Германија, Христијанско-демократската унија на Германија (ЦДУ) падна под прагот на поддршка од 30 отсто, додека Алтернатива за Германија (АфД) и Левица забележаа благ пораст на поддршката.
Според политичкиот барометар на ЗДФ, доколку федералните избори се одржат денеска, ЦДУ/ЦСУ ќе добие поддршка од 28 отсто (минус два), Алтернативата за Германија (АфД) 21 отсто (плус еден), Социјалдемократската партија на Германија (СПД) 16 отсто (непроменета), Зелените би биле на 14 отсто (непроменети), а ФДП би достигнале 45 отсто.
Левицата може да очекува поддршка од осум отсто (плус еден), левичарскиот сојуз Сара Вагенкнехт (БСВ) 4,5 отсто (плус 0,5), а другите партии заедно четири отсто (минус еден), без ниту една партија да постигне најмалку три отсто поддршка.