Претседателот на МАНУ бара обновување на односите со Бугарската академија на науките

од Nikola Popovski
80 прегледи

Сметам дека тоа е одлична политичка идеја. Не гледам зошто нашите соседи на тоа гледаат на нешто за кое не треба воопшто да се дискутира. Тоа е интелигентна идеја. Ќе биде испорачано она што тие го очекуваат од нас, со тоа што ќе добие дејство во моментот кога ние ќе влеземе во ЕУ. Треба да ги продолжиме разговорите со нашите соседи. Тие се тука со векови и ние сме тука до нив. Нема да заминеме, ниту тие ќе заминат, вели претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Живко Попов запрашан за предлог од македонската Влада за внесување на Бугарите во Уставнот, но, со одложено дејство кога ќе ги завршиме преговорите со ЕУ.

Попов е дециден дека треба повеќе да се разговара отколку да се преговара. Смета дека МАНУ треба да ги обнови односите и релациите со Бугарската академија на науките.

-Треба повторно да воспоставиме научни релации и да започнеме со научно-истражувачка работа. До пред неколку години имавме 34 проекти и дојдовме до една фаза кога имавме најголема соработка. Тоа се прекина шосле една наша декларација во 2019 година и после еден манифест на бугарската страна во однос на јазикот. Можеби ќе ги отвориме и вратите з аповисока политика. И ние и политичарите треба повеќе да разговараме на повеќе теми, а помалку преговарање, кажа Попов по денешната посета на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова на МАНУ.

Слични содржини