Претседателот на СДСМ, Венко Филипче е единствен кандидат за претседател на партијата на редовните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 16 март 2025 година, утврди Централната изборна комисија.
Комисијата одржала седница за разгледување на поднесените кандидатури за Претседател на СДСМ и утврдување на листа кандидати за редовните внатрепартиски избори. Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврдила единствена листа на потврдени кандидати за Претседател на СДСМ со името на Венко Филипче.
Оттаму велат дека одлуката на Комисијата ќе биде објавена на веб-страницата на СДСМ заедно со програмата на кандидатот, а ќе биде доставена и до сите Општински изборни комисии.
-СДСМ е единствената партија во земјата во која што членството бира претседател на директни внатрепартиски избори што говори за демократскиот капацитет и на партијата и на членовите, стои во дописот од партијата.