Димитриеска Кочоска: „КАМ“ и „Веро“ ќе имаа слични цени доколку имаше „картелско здружување“

од Nikola Popovski
267 прегледи

Во вторникот на Влада имавме прилична долга дискусија околу мерките за замрзнување на цените. Она што јас го добивам како податоци од Државниот завод за статистика, гледам дека во Македонија имаме проблем со базичната инфлација што значи дека храната бележи раст од 0,3% на ниво на статистичка грешка. Кога ќе ги погледнеме бројките, сфаќаме дека се создава панока во државата, но, таа не е поткрепена со она што го кажува ДЗС. тој вели дека имаме инфлација, но, не на она што значи основни производи туку се однесува на угостителските услуги. Имајќи предвид дека имаме ваква ситуација на терен, рековме дека можеме да воведеме одредена мерка замрзнување на цени која ќе има краткорочен ефект. Треба да бараме решенија на долг рок, рече министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска за ограничувањето на маржите за производите.

По констатацијата на Комисијата за заштита на конкуренцијата дека четири големи ланци маркети заедно со една од стопанските комори здружено се договарале за цените на производите, министерката вели дека треба да се докаже дали има „картелско здружување“.

-Ако има картелско здружување, цените и во „КАМ“, каде што и јас пазарам, и во „Веро“ би биле тука некаде, а и самите знаеме дека не е така. Секој има можност да пазари каде што донел одлука. Како Министерство за финансии не сме надлежни, ако кажале такво нешто, има причини. Темата беше повеќе поврзана со реалната состојба и потрошнувачката кошничка. Бев фрапирана од два моменти дека едно семејство месечно троши 13 литри млеко и така во суштина ги формираме кошничките или дека на пример, купува грав од конзерва. Јас пред се како мајка купувам замрзнат зеленчук од еден од поевтините маркети. Не можеме кога ги правиме пресметките и анализите да се водиме од нелогичен пристап. Ако во живот не сум купила грашок од конзерва, не можам да прифатам дека во пресметката можам да имам конзерва или дека пиеме 13 литри млеко, а сме четиричлено семејство, кажа министерката на прес-конференција.

Слични содржини