24
Три лица од Скопје и едно од Виница учествувале во тепачка во населбата Аеродром, јавуваат од МВР. Настанот се случил вчера во попладневните часови.
-На 21.02.2025 во 14.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници ги привеле Б.Б.(27), 40 – годишната А.М. и нејзиниот 17-годишен син, тројцата од Скопје и Г.С.(32) од Виница затоа што претходно го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, стои во полицискиот билтен.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.