Вашингтон има намера да ја блокира украинската резолуција против Москва во Обединетите нации, пишува Блумберг, повикувајќи се на извори. „САД се обидуваат да ја блокираат украинската резолуција во ОН за осуда на Русија“, се наведува во текстот.
Според агенцијата, администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги повикала членките на ОН наместо тоа да го поддржат американскиот нацрт.
„Вашингтон пост“ објави дека американската администрација му предложила на Киев да го повлече нацртот со кој се осудува инвазијата на руската војска и да се замени со американски документ, но Украина тоа го одбила.
Според весникот, Вашингтон прво побарал да се коригира формулацијата во украинскиот нацрт, со додавање на некои „проруски“ елементи, а потоа му предложил на Киев да се откаже од својата верзија и да ја прифати американската.
Во исто време, „Wall Street Journal“ пишува дека Лондон и Париз побарале од Америка да ја измени нацрт-резолуцијата, но САД одбиле.
Соединетите Американски Држави предложија своја нацрт-резолуција во Генералното собрание на ОН наречена „Патот до мирот“, која не ја обвинува Русија за почетокот на конфликтот во Украина.
Документот има три точки: во првата, Генералното собрание изразува жалење за трагичната загуба на животи за време на конфликтот; втората бара итен прекин на огнот и повикува на траен мир меѓу Москва и Киев. Третата точка наведува дека главната цел на ОН е да го поддржат меѓународниот мир и безбедност и да ги решаваат конфликтите со мирни средства.
Русија воведе амандман на американскиот нацрт кој ја нагласува потребата да се решат основните причини за конфликтот во Украина.
Да потсетиме дека за прв пат од почетокот на руската специјална воена операција во Украина, САД не беа коавтор на антируската нацрт-резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации за Украина.
Сегашната нацрт-резолуција, подготвена за 24 февруари, бара Русија „да ги повлече сите свои вооружени сили од украинска територија без одлагање, целосно и безусловно“.
Нацрт-резолуцијата беше ко-спонзорирана од Обединетото Кралство, Франција, Германија, Канада, Швајцарија, Полска и балтичките земји, но не и од САД.
Оваа ситуација се случува во светло на неодамнешните руско-американски разговори во Ријад, како и остри изјави на американскиот лидер Доналд Трамп против шефот на украинскиот режим, Володимир Зеленски, кого американскиот претседател го нарече диктатор без избори и го обвини дека сака да го продолжи конфликтот во Украина.
Од февруари 2022 година, Генералното собрание на ОН периодично одржува седници посветени на ситуацијата во Украина. Во нив веќе се усвоени шест резолуции, кои ја поддржуваат позицијата на Киев и ја игнорираат загриженоста на Москва. Во секој од овие документи, усвоени за време на мандатот на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, САД беа меѓу коавторите заедно со Британија, Франција, Германија, Канада и други западни земји.