Лука Дончиќ имаше одлична партија во победата на неговите Лејкерси над Денвер, а по тој меч доби зборови на поддршка од една од најголемите НБА легенди.
Според пишувањата на медиумите во САД, станува збор за познатиот германски репрезентативец Дирк Новицки, кој е близок пријател со поранешниот играч на Реал Мадрид и Далас.
Легендарниот Германец во изјава за медиумите откри како се чувствувал кога слушнал дека Дончиќ бил трејдуван од Далас во Лејкерс и признал дека дошол во Лос Анџелес да му даде поддршка на Лука.
„Кога слушнав што се случи, бев шокиран, како и сите фанови ширум светот. Мислам дека Дончиќ не го очекуваше тоа, ниту го заслужи, а сите бевме изненадени. Знам дека Лука планираше да ја заврши кариерата во Далас како мене“, рече Новицки, кој ги помина сите 11 сезони во НБА со „телињата“ и додаде:
„Лука ме покани да дојдам во Лос Анџелес и почувствував потреба да бидам со него. Знам дека ова беше тешко за него и сакав да бидам тука за него и неговото семејство. Тој е фантастичен играч, голем човек и сигурен сум дека ќе го „истурка“ сето ова“.