Меџити: Грбот, химната, јазикот и внесувањето на Бугарите треба да одат во ист пакет уставни измени

од Nikola Popovski
540 прегледи

Првиот вицепремиер, Изет Меџити во интервју за „Рацин“ вели дека грбот, химната, албанскиот јазик и внесувањето на Бугарите треба да се направат во ист пакет уставни измени.

Тој додава дека во принцип, за внесувањето на Бугарите во Уставот никој нема ништо против, ниту некој од владините парнтери, ниту некој од надвор, а ни опозицијата.

„Ако дојдеме до тоа, за што досега има разговори, нема преговори, нема политички договор, тогаш ќе треба некои работи во пакет да ги разговараме и преговараме. Ако се работи за грбот дека потекнува од времето на комунизмот и химната потекнува од тогаш, лебди и прашањето за албанскиот јазик“ вели Меџити.

Тој додава дека никој нема да изгуби ако „20%“ од Уставот се замени со албански јазик.

Слични содржини