Тотенхем испрати мејл до сите медиуми – еве што бара од нив

од Nikola Popovski
25 прегледи

Во саботата англискиот клуб Тотенхем испрати мејл до сите британски и бројни светски редакции, наведувајќи до нив како во иднина да го нарекуваат клубот.

Популарните „Спарс“ побараа од медиумите повеќе да не го нарекуваат клубот „Тотенхем“, туку или „Тотенхем Хотспарс“ или, накратко, „Спарс“.

Ова е обид за ребрендирање на клубот, кој испратил сличен мејл до редакциите уште во 2011 година. Но, сега Тотенхем, поточно Тотенхем Хотспарс, тргна во голема кампања за промена на идентитетот на клубот и инсистира редакциите така да го нарекуваат клубот.

Англиските медиуми тврдат дека на врвот на „Спарс“ им пречи тоа што клубот е поврзан со лондонскиот кварт Тотенхем, додека вистинското име на клубот е „Хотспар“. Промената треба да се случи и при пренос на натпревари, поточно во графичкиот приказ на кратенката на името на клубот. Во моментов кратенката од три букви е „TOT“, а сега на екранот треба да пишува „SPURS“ иако не е јасно како ќе се вклопи во постоечката графика во преносите од Премиер лигата.

Слични содржини