Демократското движење: СДСМ е изгубена без Груби и Османи, им недостасува послушната ДУИ

од Nikola Popovski
89 прегледи

Денешниот повторен напад врз вицепремиерот Изет Меџити е уште еден доказ за тоа колку малку им треба на СДСМ за да го покаже своето вистинско лице – партија која сè уште е заробена во минатото, партија која не може да се ослободи од наследството на поделби, манипулации и селективна правда, порачаа од партијата Демократско движење која е дел од владеачката коалиција ВЛЕН.

Од партијата тврдат дека на СДСМ им „недостасува нивниот послушен ДУИ“.

-Тие се изгубени без Артан Груби и Бујар Османи – нивните долгорочни партнери во коруптивните шеми, кои со години ги жртвуваа интересите на Албанците за свои лични, пријателски и фамилијарни интереси. Сега, кога ДД е партијата што работи исклучиво за доброто на граѓаните, СДСМ не знае како да се справи со тоа, па прибегнува кон евтини напади и неосновани обвинувања.

Демократското движење нема да дозволи да биде замолчена! Ние ќе продолжиме да работиме во интерес на Албанците и сите граѓани на Северна Македонија. Додека СДСМ се занимава со празни обвинувања, ДД вложува во инфраструктурата, образованието и економскиот развој. Вистинските промени не доаѓаат од оние кои со децении ја злоупотребуваа власта, туку од новите сили кои носат реални резултати.

Ги повикуваме СДСМ да престане со нападите врз етничка основа, затоа што тоа само покажува дека нивната политика е застарена и заснована на поделби. Северна Македонија не е земја на привилегирани елити, туку на сите нејзини граѓани! Изет Меџити работи според закон и ќе продолжи да работи така, во интерес на Албанците и сите граѓани на Северна Македонија, побараа од партијата на Изет Меџити.

Ваквата реакција следува откако СДСМ обвини за корупциски скандал во Владата. Побараа од премиерот Христијан Мицкоски да излезе и да одговори дали е точно дека Државниот управен инспекторат констатирал „злоупотреба на службената должност“од страна на Изет Меџити и неговиот кабинет. Според СДСМ, не е прашањето дали Меџити бил лишен од своите надлежности, прашањето е дали во Решението на Инспекторатот од 17.01.2025 година е констатирана злоупотреба на службенета должност.

-Ова се сериозни индикации за робусна корупцијата во врвот на владата на Мицкоски. На колку бизнис компании им е барано мито? Дали Меџити барал мито? Кој е се оштетен, праша Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

Слични содржини