Мицкоски испрати честитки до ЦДУ и истакна дека Европа бара промени

од Nikola Popovski
62 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитки до ЦДУ за значајната победа на изборите во Германија. Според неговите зборови, овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.

-Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени, подвлече претседателот на македонската Влада.

Со честитки се огласи и српскиот претседател, Александар Вучиќ, со порака дека се радува на идна соработка.

„Довербата на граѓаните носи огромна одговорност, особено во времиња полни со предизвици. Уверен сум дека вашето политичко искуство и внимателност ќе придонесат за градење на добра иднина за граѓаните на Германија, како и за проширување на соработката со Србија во сите области. Нашата земја останува посветена на зајакнување на добрите односи со Германија, со меѓусебно почитување и разбирање“, напиша Вучиќ на социјалната мрежа „Х“.

Конзервативната Христијанско-демократска унија ЦДУ освои најмногу на изборите во Германија, а крајнодесничарската алтернатива за Германија е на второто место. Излезните анкети покажаа дека Мерц ќе биде новиот канцелар. Станува збор за излезни анкети кои навестуваат промени на политичката сцена.

Според анкетите, (ЦДУ) освоила најмногу гласови на парламентарните избори, додека алтернативата за Германија постигнала исклучително силен резултат и е на второто место. Партијата на Шолц е на третата позиција и веќе порачаа дека тоа е горчлив резултат за социјалдемократите.

Слични содржини