Мерц: За праведен мир, Украина мора да биде дел од мировните преговори

од Vladimir Zorba
27 прегледи

На третата годишнина од руската инвазија на Украина, лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, чија коалиција ЦДУ/ЦСУ победи на федералните избори во Германија вчера, повика Киев да се вклучи во мировните преговори.

Најверојатниот кандидат за иден германски канцелар ја потврди својата континуирана поддршка за Украина.

– Европа останува цврсто на страната на Украина. Три години бевме опкружени со ужасни слики на уништување и воени злосторства“, рече Мерц, цитиран од „Стерн“.

Според него, Украина мора да се доведе „во позиција на сила“.

„За праведен мир, нападнатата земја мора да биде дел од мировните преговори“, додаде Мерц.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку дена започна разговори на високо ниво со Русија за ставање крај на војната, без претставници од Украина или од ЕУ.

Ова ги зголеми стравувањата кај Украина и нејзините поддржувачи во Европа дека ќе бидат исклучени од мировните преговори, пишува германскиот весник.

Слични содржини