Левица предлага поевтинување на патарините за 50%

од Nikola Popovski
44 прегледи

Левица предлага намалување на цените на патарините низ целата држава за 50%. Според партијата, Македонија е меѓу земјите со највисоки патарини во регионот и на континентот, а патиштата се во катастрофални услови.

-За споредба, еден штипјанец доколку работи во Скопје, на годишно ниво плаќа 1200 евра, а еден Австриец плаќа 100 евра за користење на сите автопатишта во неговата држава. Затоа Левица поднесува изменување и дополнување на Законот за јавните патишта. Првата измена е патарините да се намалат за 50% за сите категории на возила, рече портпаролот и пратеник на партијата, Амар Мециновиќ.

Над 66.5 милиони евра е приход од наплата на патарина на автопатиштата во 2024 година. Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) велат дека во споредба со 2023, наплатата е поголема за 4.32 милиони евра.

„Во однос на вкупната фреквенција на возила за 2024 година, има 62.662.988 поминати возила од кои патарина платиле 99,2 проценти од нив. За намалување на бројот на таканаречените неплаќачи ЈПДП во периодот од август до декември 2024 организираше 23 акциски контроли заедно со Државниот инспекторат за транспорт и со асистенција од МВР, со што може да се констатира дека имавме повеќе од успешна година“, информираа од Јавното претрпијатие за државни патишта на почетокот на јануари.

Слични содржини