26
Европската унија троши повеќе на руска нафта и гас отколку на финансиска помош за Украина, се вели во извештајот објавен денеска.
Се проценува дека Европската унија купила фосилни горива од Русија за 22 милијарди евра во 2024 година, а во исто време обезбедила 19 милијарди евра поддршка за Украина, пренесе „Гардијан“.
Според проценките на Центарот за истражување на енергија и чист воздух (Crea), Европската унија минатата година купила руска нафта и гас во вредност од 21,9 милијарди евра и покрај напорите да се намали зависноста на Европа од енергијата од Русија.