Владата најавува изградба на нова административна зграда и реконструкција и адаптација на постојната терминална зграда на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Ќе бидат потрошени 2,7 милиони евра. Ова е дел од договорот со компанијата „ТАВ Македонија“ и е дел од договорот за концесија.
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски очекува поголем број на патници и нови помодерни услови на аеродромот во Охрид. Предвидени се меѓу другото нова административна на површина од 250 м2 и нов канцелариски простор од 100 м2…
-Ова ќе биде прво реконструирање на Охридскиот аеродром откако истиот е изграден. Очекуваме до март 2026 година да се заврши проектот, кажа Николоски на прес-конференција во Владата.
ТАВ Аеродроми од 2010 година досега во двата македонски аеродроми има инвестирано над 300 милиони евра и на скопскиот и охридскиот аеродром вработува над 1,000 луѓе – во ТАВ Македонија, како аеродромски оператор, како и во сестринските фирми БТА, АТУ, ТАВ Технолоџис и ТАВ МОС.