Мицкоски: Дел од ланците супермаркети водат политичка борба со Владата

од Nikola Popovski
130 прегледи

Владата донесе одлука. Дали некому таа му се допаѓа или не му се допаѓа, таа одлука е резултат на сите оние разговори, скринзи и се што го добивме како импут. Одлуката мора да се почитува и применува, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски по замрзнувањето на маржите и одреденото намалување на цените на производите во маркетите.

Мицкоски констатира дека дел од ланците супермаркети „одлучуваат да водат политичка борба против политичка Влада“. Жали за таквата нивна одлука и вели дека не е добро.

-Тоа е нивен избор и не можам да го оправдам ниту да го осудам. Ова е демократска држава, со право на говор и секој што мисли дека треба да води легитимна борба, нека ја води. Доколку било кој има подобар предлог за подобрување на стандардот на граѓаните, подготвен сум да разговарам било кое време. Би сакал предлогот да биде концентриран. На последната средба имаше дифузна дискусија – од различни претставници на правни лица добивавме различни предлоги. Комората нека се состане и нека донесе предлог и да го видиме, да знаеме на која платформа понатаму би разговарале. Доколку е подобар и во насока на подобрување на стандардото, ќе го прифатиме – не сме најпаметните ниту највештите во целата работа, рече премиерот, нагласувајќи дека ќе продолжат контролите на ДПИ во маркетите и трговците.

Комисијата за заштита на конкуренцијата откри картелско здружување, односно договарање на цените кај неколку синџири маркети, за што е поведена прекршочна постапка.

-Четири маркети и една стопанска комора, спротивно на Законот, се договориле да не набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи. Се преземаат ригорозни санкции, соопштуваат од КЗК.

Лебот, брашното, јајцата, млекото, маслото за јадење имаат ограничени маржи од 5% до 30 април.

Слични содржини