СДСМ попладнево соопшти дека владеачкото мнозинство ги отфрлило нивните предлог-мерки и не поддржале намалување на ДДВ-то за струјата и укинување на ДДВ-то за основните прехрамбени продукти. За Фатмир Битиќи, пратениците од власта одбиле да ја намалат скапотијата туку продолжиле политика на игнорирање на реалноста и поскапување на храната.
Според СДСМ, со нивните предлози предвидувале пониски сметки за струја за 13% за над 600 илјади домаќинства. За сметка од 3000 денари, граѓаните ќе заштедеа најмалку 400 денари месечно, а за повисоки сметки, заштедата ќе беше поголема, истакнуваат од „Бихаќка“.
-Истото ќе важи и за храната. Укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи ќе донесе до поевтинување на храната, односно намалување на цените на основните прехранбени производи за 5%. Над 3000 производи ќе беа евтини, додаде Битиќи на прес-конференција во Собранието.
Намалување на Данокот на додадена вредност за електричната енергија од 18% на пет отсто , но и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, односно негово намалување од пет на нула проценти. Ова беа дел од предлозите на опозициската СДСМ.
Пред точно три години, ВМРО ДПМНЕ како опозициска партија во Собранието поднесе идентични предлог закони, првиот за намалување на цената на акцизата на горивата и на данокот на додадена вредност за прехрамбени производи, но и за цената на парното. Ниту еден не беше прифатен од минатата власт.