Јамал ќе го продолжи договорот со Барселона до летото 2030 година

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Шпанскиот фудбалски интернационалец Ламин Јамал ќе го продолжи договорот со Барселона до летото 2030 година, објави водечкото локално спортско издание Мундо Депортиво.

Агентот на 17-годишниот напаѓач, Жорге Мендеш, ќе се сретне со раководството на каталонскиот гигант во Лисабон за да разговара за последните детали пред да го финализира договорот. Разговорот е закажан за следната недела, кога Барселона и гостува на Бенфика во Португалија за првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите на 5 март.

Јамал има 11 гола и 16 асистенции во 33 натпревари оваа сезона за Барса, која е лидер во Примера. Актуелниот договор на младиот играч со „сино-црвените“ е до летото 2026 година.

Слични содржини