Мајка потпишала на нотар за да ѝ го чуваат бебето, а потоа не ѝ го вратиле – уапсени сопружници од Арачиново

од Nikola Popovski
885 прегледи

Припадници на полицијата уапсиле брачен пар од Арачиново откако биле пријавени од страна на кумановка дека не сакале да и го вратат бебето кое го дала на привремено чување. Според СВР Куманово, 41-годишната М.М. пријавила дека брачниот пар А.М. (39) и А.М. (35) не сакале да ѝ го вратат детето, кое им го оставила на чување.

Од она што таа пријавила во полиција е дека целата таа работа почнала пред четири месеци додека била бремена, се запознала со сопружниците, кои ѝ понудиле финансиска помош откако ќе се породи. Тие ѝ понудиле финансиска помош по породувањето. По раѓањето на бебето на 18 февруари, таа на 20-ти излегла од болница и наводно, на нивен предлог, потпишала нотарска изјава за привремено згрижување.

-Била пречекана од А.М. и А.М., кои и предложиле да потпише изјава кај нотар за да може бебето неколку дена да остане кај нив, на 21.02.2025 таа го оставила бебето во нивниот дом и А..М.(39) и дал пари, а кога побарала на 23.02.2025 да си го земе, тој не ѝ го дал со образложение дека ќе остане кај нив, велат од МВР.

На 24 февруари, околу 01:40 часот, полицијата ги привела сопружниците, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава против нив.

Слични содржини