Џастин Бибер во последните денови се повеќе ја загрижува јавноста со своите појавувања. Не само што изгледа слабо и уморно, туку и видно ослабен и згора на се, има неконтролирана потреба да чеша одредени делови од телото. Со оглед на тоа што овие симптоми честопати се јасни показатели дека некој ужива да консумира разни наркотици, не е чудно што јавноста и обожавателите се загрижени за неговата состојба.
Токму поради овие нови приказни Џастин Бибер проговори преку неговиот портпарол, кој за TMZ изјави дека „приказната дека Џастин користи тешки дроги апсолутно не е точна“ и дека Бибер всушност е „во еден од најдобрите периоди од неговиот живот“.
Бибер моментално е фокусиран на својот шестмесечен син Џек Блуз, но работи и на нова музика и нови музички проекти.
Инаку, минатата година беше доста предизвикувачка за Бибер. Раскина неколку блиски пријателства и деловни врски кои повеќе не му служат, а со новата година на прво место ги стави бракот, татковството и музиката.
Поради сето ова, тој е многу исцрпен од гласините за неговите психички и физички здравствени проблеми. Неговиот портпарол рече дека текстовите се „изнемоштувачки и тажни“, додавајќи дека тие покажуваат „колку луѓето се посветени да ги одржуваат живи негативните, сензационалистички и штетни наративи и покрај очигледната вистина“.
Бибер еднаш јавно и храбро зборуваше за своите минати искуства со зависноста од дрога. Признал дека почнал да пуши марихуана на 12 или 13 години и дека како тинејџер се соочил со проблемите што ги носи животот во центарот на вниманието.
Пејачот објасни дека дрогата за него е „само бегство од реалноста“.