Европската унија ѝ понуди на Украина сопствен договор за „критичните суровини“ синоќа, токму во моментот кога американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон е блиску до постигнување договор со Киев за правата на огромните природни ресурси на Украина, пренесува „Politico“.
Еврокомесарот за индустриска стратегија Стефан Сежурнеј рече дека ја претставил европската верзија на договорот на Украина за време на посетата на Киев, каде делегација на Европската комисија ја одбележа третата годишнина од почетокот на сеопфатната руска инвазија.
Клучната разлика меѓу договорите што ги нудат ЕУ и САД
„Дваесет и еден од 30-те критични материјали што и се потребни на Европа може да ги обезбеди Украина, во заемно корисно партнерство“, рече Сежурн, пренесе АФП. Тој ја истакна и клучната разлика меѓу ЕУ и САД: „Додадената вредност што ја нуди Европа е тоа што никогаш нема да бараме договор што не е заемно корисен“
Трамп бара права на украинските ресурси за 500 милијарди долари
Трамп е сè поагресивен во своите барања за Украина кога станува збор за нејзините природни ресурси. Тој бара дури 500 милијарди долари компензација за американската помош за Киев во одбраната од рускиот напад.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски досега одби да потпише два нацрт-договори предложени од администрацијата на Трамп. Според Њујорк Тајмс, овие договори вклучувале откажување од Украина од правата на минералните ресурси, приходите од нафта и гас и профит од пристаништата и инфраструктурата во вредност од 500 милијарди долари.
Трамп тврди дека конечниот договор е многу блиску
„Нема да потпишам нешто за што десет генерации Украинци ќе мора да платат“, рече Зеленски на прес-конференција во неделата. Но, Трамп вчера рече дека „конечниот договор е многу блиску“ и ќе вклучува „ретки метали и разни други работи“.
И украинската потпретседателка Олха Стефанишина порача дека Украина и САД се во „последната фаза“ на преговорите за договор со кој Вашингтон би добил пристап до украинските минерални ресурси во замена за безбедносни гаранции. ,
Украина има огромни резерви на клучни суровини, од литиум до титаниум, кои се неопходни за модерната технологија и се барани во глобалната трка по ресурси. Исто така, има големи резерви на јаглен, нафта, гас и ураниум, но значителен дел од овие ресурси се наоѓаат на територија под руска контрола.