📽Симпатично: Трамп го прекина Макрон среде одговор: „Немам поим што зборува, но ова е најубавиот јазик“

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон, по нивната средба во Белата куќа во понеделникот, одговараа на прашања на новинарите во Овалната соба пред официјалната прес-конференција.

Се осврнаa на бројни теми, меѓу кои и прекинот на огнот во Украина, но и економската соработка меѓу САД и Европа.

Меѓу новинарите имаше и од Франција, а Макрон на нивните прашања одговараше на француски јазик.

Трамп малку трпеливо го слушаше неговиот француски колега како детално одговараше на прашање, за наеднаш да ја стави раката на коленото и да рече: „Ова е најубавиот јазик. Немам поим што зборува, но ова е префинет, убав јазик“.

Иако насобраните, меѓу кои и Макрон, го испратија потегот со насмевмка, се чини дека на францускиот претседател не му беше премногу мило што Трамп толку нагло го прекинал да одговори на прашањето.

Претходно, Макрон одговори и на прашање на француски јазик, на кое Трамп раскажа анегдота во која повторно се осврна на тоа дека не разбрал ниту еден збор од она што го зборува францускиот претседател.

Преведувачот набрзо го прераскажа одговорот на Макрон на англиски, па сите, вклучително и Трамп, можеа да разберат што рече.

Да потсетиме, Макрон дојде во Вашингтон со надеж дека ќе го убеди Трамп да ги вклучи европските лидери во разговорите со Русија додека продолжуваат мировните преговори во Украина.

Слични содржини