Инсајдер тврди: Дончиќ би можел многу брзо да ги напушти Лејкерси!

од Vladimir Zorba
30 прегледи

Лука Дончиќ (25) и неговиот евентуален трејд во Лос Анџелес Лејкерс и понатаму ја интригира јавноста. Постојано се појавуваат нови информации кои објаснуваат зошто Далас Маверикс решиле да си „пукаат во нога“ и да го пуштат својот најдобар играч во најдобрите играчки години за да го доведат Ентони Дејвис (31), кој е шест години постар и подложен на повреди.

Но, сега се појавија вести дека неговиот престој во Л.А. би можел да биде доста краток. Словенецот потпиша договор со Лејкерси до 2027 година, но може да си замине една година порано доколку договорот биде раскинат, бидејќи има таква клаузула во договорот. Лејкерси имаат рок до 2 август да му понудат продолжување на договорот, а доколку не го направат Дончиќ ќе може да го напушти клубот.

Аналитичарот на ESPN, Брајан Виндхорст откри дополнителни детали.

– Притисокот сега е врз организацијата на Лејкерс да го убеди Лука да потпише продолжување на договорот до 2 август. „Никогаш не рече „Сакам да бидам „езерџија“, и оттаму доаѓа најголемиот притисок“, рече тој.

Аналитичарот предложи Лејкерси да ја подобрат својата понуда, бидејќи е јасно дека Дончиќ планира да биде клучен играч за тимот во иднина. Пофалбите од тренерот Џеј Џеј Редик нема да бидат доволни, верува Виндхорст.

„Тој треба да види како го градат тимот околу него и што прават во јуни и јули“, додаде тој.

Навивачите се надеваат дека Словенецот ќе препознае колку Лејкерси сакаат да го задржат, но неговата судбина може да ја решат и резултатите што ги постигнува со тимот во првата сезона.

– Лејкерси нема да освојат прстен во сезоната 2024/25, а тоа ќе биде клучен момент во кој Лука ќе одлучи дали ќе остане во тимот или не – изјави Виндхорст.

Нема сомнеж дека овој коментар произлегува од фактот дека Лејкерс историски имаа препознатливи ѕвезди околу кои го градеа тимот, како што се Карим Абдул-Џабар, Шекил О’Нил и Леброн Џејмс. Главна ѕвезда во тимот и понатаму е Леброн, но со оглед на тоа што има 40 години, иако се уште е во одлична форма, тешко е да се очекува уште многу долго да игра на највисоко ниво. Лејкерси по неговото пензионирање би можеле да му понудат на Дончиќ вносен „супермакс“ договор, но дури во 2028 година.

Едно е сигурно, Дончиќ оваа сезона ќе игра во Л.А., а во следниот натпревар ќе има можност да им покаже на Мавс колку згрешиле што го трејдувале. Во среда, по наше време, Лејкерси го пречекуваат Далас, а ова воедно ќе биде прва средба на Дончиќ со неговиот поранешен тим. Нема сомнеж дека ќе биде особено мотивиран. На претходниот натпревар против Денвер Нагетс се истакна со 32 поени, а останува да видиме дали ќе продолжи во ист ритам.

Слични содржини