52
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе беше опериран на забот и не тренираше со тимот пред гостувањето на Реал Сосиедад во првиот полуфинален натпревар од турнирот во Копа дел Реј.
Се очекува Французинот да го пропушти гостувањето во Сан Себастијан за да биде во топ форма за натпреварите со Бетис во Ла Лига и особено со Атлетико (Мадрид) во Лигата на шампионите.
Карло Анчелоти најверојатно ќе го одмора и Федерико Валверде за мечот со Реал, откако Уругваецот го пропушти мечот со Џирона, но претходно играше на сите натпревари.
Промена ќе има и на голот, каде стартниот голман Тибо Куртоа ќе му отстапи место на Андриј Лунин, кој ќе биде голман на натпреварите за третиот најважен турнир.