Објавена листата на најмоќните војски во светот – Македонија назадува

од Nikola Popovski
561 прегледи

Македонија за 2025 година, на најновата листа како воена сила е рангирана на 112-то место од 145 од земјите што се разгледуваат за годишниот преглед на интернет-порталот „Глобал фајрпауер“ (ГФП). Тоа во споредба од лани за државата е назадување за македонската армија за 2 места на листата за воена способност и моќ на армиите во светот.

Финализираното рангирање на ГФП користи над 60 индивидуални фактори за да го одреди резултатот „powerindex“ на одредена нација со категории кои се движат од количина на воени единици и финансиска состојба до логистички способности и географија.

Рангирањето ги зема предвид и факторите како што се количината на воена опрема и војници што секоја земја ги има, како и нивната финансиска положба, географија и расположливите ресурси. Листата е направена врз основа на конвенционалното оружје, додека нуклеарните капацитети не се земени предвид.

Од соседството Грција на листата за воена способност и моќ на армиите е на 30. место, додека Бугарија е 62. место, Србија веднаш после неа на 63. место. Хрватска е на 74. место, Словенија на 78. место, додека Црна Гора на 96. Косово е на 141. место на листата.

Први на оваа листа за моменталната состојба се САД, втора е Русија, трета Кина, четврта Индија, на петтото место е Обединетото Кралство, додека шеста е Франција. Украина е на 20. место.

Слични содржини