Бекам го избра најдобриот фудбалер на сите времиња

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам, кој играше во Европа за клубови како Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Милан и ПСЖ, немаше дилема при изборот кој го смета за најдобар играч на планетата.

„Лео е најдобриот играч на светот и на сите времиња“, изјави човекот кој беше една од ѕвездите на „галактикосот“ на Реал Мадрид.

За време на својот говор во Лондон, тој предвиде дека неговиот поранешен клуб во Шпанија, Реал Мадрид, оваа сезона повторно ќе ја освои Лигата на шампионите, а се осврна и на големите проблеми низ кои поминува Манчестер Сити.

„Пеп Гвардиола е еден од најдобрите тренери во светот, но секој голем клуб поминува низ вакви периоди и кога тимот ќе загуби играч или ќе дојде нов, тимот може малку да се дезорганизира“, анализира тој.

49-годишниот косопственик на американскиот клуб Интер Мајами, за кој настапува Лео Меси, ја сумираше својата биографија за некои од градовите во кои живеел.

„Лондон е мој дом, Манчестер беше мојо дом долго време, а Мајами е како мој нов дом“, истакна тој.

Слични содржини