Аморим ефект: Манчестер Јунајтед загуби 15 отсто од вредноста на своите играчи

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Вредноста на играчите на Манчестер Јунајтед падна за 15 отсто по доаѓањето на новиот менаџер Рубен Аморим, покажа студијата на Sky Sports. Вкупната вредност на играчите на 20-кратниот шампион падна за неверојатни 106 милиони, што е двојно поголема „загуба“ од онаа на второпласираниот Њукасл за овој период.

Во ноември, играчите на Јунајтед беа проценети на 700 милиони фунти, а моментално на 594 милиони фунти. Во оваа бројка не се вклучени Маркус Рашфорд (45,6 милиони), Ентони (16,6 милиони) и Тајрел Маласија (12,5 милиони). Во исто време, гигантот од Манчестер го ангажираше Патрик Доргу за 29,6 милиони фунти, па на крајот клубот загуби 45,1 милиони фунти од трансфер зделките и 107 милиони фунти од вредноста на своите играчи, пренесе Sky Sports.

Тимот со најголем скок во вредноста на играчите според проценката на медиумот е новајлијата во елитното друштво Ипсвич, кои забележаа пораст од 40% од 160 милиони фунти на 225 милиони фунти.

Слични содржини