Ганиу ја промовираше Поврзувачката Порта меѓу Бит Пазар и Старата Чаршија

од Nikola Popovski
1,7K прегледи

Денес градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу официјално ја промовира Поврзувачката Порта меѓу Бит Пазар и Старата Чаршија, проект, за кој од општината велат дек е со големо значење за урбаниот и културниот идентитет на градот.

Според општинските власти, овој современ конструкциски објект, изработен од челик и стакло, претставува функционален и естетски влез, кој создава природна врска меѓу двата најзначајни трговски простори во градот. Покрај заштитата од атмосферските влијанија, оваа инвестиција го збогатува урбаниот карактер на Чаршијата, зачувувајќи го духот на живиот и динамичен пазар.

-Градоначалникот Ганиу ја истакна важноста на овој проект како симбол на спојот меѓу традицијата и модерното, кој ја подобрува инфраструктурата и искуството на граѓаните и посетителите.

Општина Чаир останува посветена на урбаниот развој и зачувувањето на културното наследство, градејќи поубав и пофункционален град за сите граѓани, стои во соопштението од Кабинетот на Ганиу.

Слични содржини