🎥📸Наоми Кембел се прошета на модната писта во Милано и покажа зошто се уште е модна икона

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Светската модна икона Наоми Кембел уште еднаш докажа дека се уште е еден од најбараните супермодели, а нејзиното појавување на ревијата на „DSquared2“ за време на модната недела во Милано ги воодушеви сите присутни.

Имено, 54-годишната манекенка се појави во црно боди во стил на кожна јакна и црни високи чизми, додека косата и беше врзана и свиткана.

Британската манекенка ги привлече сите погледи додека чекореше по пистата покрај колешките модели Ирина Шајк и Изабели Фонтана. И покрај тоа што Наоми наскоро ќе го прослави својот 55-ти роденден, сепак успева одлично да се снајде на модните писти.

Ирина (39) носеше црн фустан од тантела кој ја откриваше нејзината долна облека, а носеше и зимска јакна и голема крзнена капа.

Изабели (41), се појави во лелеав кафен фустан кој отстрана целосно го откриваше нејзиното тело, па гледачите можеа да ги видат нејзините препознатливи долги нозе.

Слични содржини